Најава на настани

МИА Најави – МКД

3 декември 2021

3 декември 2021

Скопје – Воено-транспортни авиони од Бугарија ќе ги донесат посмртните останки на 45 македонски државјани кои загинаа во автобуската несреќа на автопатот „Струма“. (Меѓународен аеродром Скопје / 9:00-11:00; Акредитираните медиуми да пристигнат на  Капија 5 – помеѓу старата зграда на аеродромот и ВИП-терминалот во 8:00)

– Оддавање последна почит и положување цвеќе (Плоштад „Скендербег“ / 10:00-13:00)

– Колоната со возила ќе помине по булевар „Гоце Делчев“ до плоштадот „Слендербег“ (меѓу 11:00 и 12:00)

Скопје – Седница на Националниот совет за евроинтеграции. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. (Простории на Комисијата, ул. „Даме Груев“ бр. 1/ 11:00)

Прилеп – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески ќе остварат средба со претставници на Регионалната стопанска комора. (х. „Кристал палас“ / 12:00; Изјава за медиумите по завршување на настанот /13:45)

Скопје – Канцеларијата на Народниот правобранител по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост организира настан на кој ќе биде потпишан Меморандум за соработка на Народниот правобранител со граѓанските организации кои се дел од Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. (х. „Александар палас“/ 10:00)

Скопје – Црвениот крст на Република Северна Македонија под мотото „Хероите меѓу нас – Незапирливи“ ќе го одбележи Светскиот ден на волонтерството – 5 Декември.  (х. „Хилтон“/ 12:00)

Скопје – Новинари за човекови права во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“, заедно со компанијата „Аквалукс“, ќе ја промовираат кампањата за подигнување на свеста за пристап до безбедни јавни тоалети. (Пред јавниот тоалет под мостот „Гоце Делчев“/ 11:00)

Битола – Промоција на „Slow  Wine салон 2021“, настан за промоција на малите семејни винарии и  градење на македонската винска култура. (кино „Манаки“/ 18:00)

Струга – „Слушнете ги нашите приказни“ – настан по повод 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост. (Центар за култура „Браќа Миладиновци“/ 14:00)

Скопје – Катедрата по графика на Факултетот за ликовна уметност ќе отвори изложба на графички дела „Мултиоригинал“. (Сули ан / 12:00)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close