Најава на настани

МИА Најави МКД

16 октомври 2021

16 октомври 2021 

Скопје – Гласањето на Локалните избори 2021 почнува денеска со изјаснувањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица.

Скопје – Прес-конференција на Државната изборна комисија (ДИК) на тема: Гласање на болни или немоќни и лица во куќен притвор, гласање на лица во самоизолација и домашен карантин, гласање во КПУ, гласање во старски домови. (12:00) и Информација за текот на гласањето на болни или немоќни и лица во куќен притвор, гласањето на лица во самоизолација и домашен карантин, гласањето во КПУ и старските домови. (20:00)

Скопје – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе го отвори Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители. (СРЦ „Борис Трајковски“, мала сала/ 9:30, медиумите да пристигнат/ 9:15)

Скопје – Скопски градски фестивал. (Дома на Армијата/ 19:00)

Скопје – Седмо издание на интернационалниот танцов камп „Битрикс танцова лига“, во организација на Битрикс културен центар. (МКЦ/ 9:30 – 14:00 и 20:30)

Скопје – Премиера на новата претстава на театар СЕНКИ И ОБЛАЦИ насловена „Заробениот ветер“. (Театар Сенки и облаци, Дебар Маало/ 19:00)

Скопје – Под слоганот „Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!“, „Скала магазин“ ја претставува првата групна изложбена поставка на авторски дела во повеќе медиуми од визуелните уметности, на тема „ПАТЕРН: Визуелни размисли за стереотипите“. (КСП Центар – Јадро/ 20:00)

__________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close