0_Македонија.ПорталВидео изјаваОпштество

МИА во живо ќе ја пренесува прес-конференцијата на Државното јавно обвинителство на Бугарија

 МИА и бугарската новинска агенција БТА во живо ќе ја пренесува прес-конференцијата на Државното јавно обвинителство на Република Бугарија за тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица.

Скопје, 25 ноември 2021 (MIA) – МИА и бугарската новинска агенција БТА во живо ќе ја пренесуваат прес-конференцијата на Државното јавно обвинителство на Република Бугарија за тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица.

Прес-конференцијата е закажана во 10 часот.

Несреќата се случи во вторникот на автопатот „Струма“ кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул се запали. Во тек е истрагата на истражните органи и идентификација на жртвите која се очекува да заврши за седум дена.

Во меѓувреме, на „Беса транс“ и е одземена лиценцата за работа бидејќи за автобусот немало издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници и возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци. Од Царинската управа пак информираа дека на 18 ноември електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на „Беса транс“, туку извршена е само заверка на евидентниот лист за превоз на патници. Поради тоа ќе бидат суспендирани двајца царински службеници, а непосредниот раководител ќе биде санкциониран.

Во земјава е прогласена тридневна жалост и одложени се сите јавни настани. бак/са/

Back to top button
Close
Close