0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерОпштество

МЗ: 74 отсто од новите случаи и 76 проценти од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Од 6 август до 21 октомври 2021, позитивни на Ковид-19 биле 42.945 граѓанини, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица, покажува анализата на Министерството за здравство, од каде што појаснуваат дека за вакцинирани се сметаат лица кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Скопје, 22 октомври 2021 (МИА) – Од 6 август до 21 октомври 2021, позитивни на Ковид-19 биле 42.945 граѓани, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица, покажува анализата на Министерството за здравство, од каде што појаснуваат дека за вакцинирани се сметаат лица кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

-Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19, велат од Министерството за здравство.

Според статистика за изминатиов период, 31.692, граѓани, односно 74 отсто од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 проценти, додека само 24 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

-Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6 август до 2 октомври годинава, на територија на државата од Ковид-19 починале 1506 лица, 1246 пациенти, односно 83 отсто од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17 проценти примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.

-Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на САРС-КоВ-2, велат од Министерството за здравство.ир/са/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close