0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.574.184 дози вакцини, а ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина.

Скопје, 22 октомври 2021 (МИА) – Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина.

-Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800, а трета доза примиле 5.666 граѓани. Од популацијата над 40-годишна возраст ревакцинирани се 54 отсто, а 33 проценти од лицата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина, велат од МЗ.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од жителите примила две дози вакцина. ир/дма/

Back to top button
Close
Close