ОпштествоОригинални текстови

Меѓународното училиште Маариф ja започна новата учебна 2021-2022 година, отворајќи ги вратите и во новоотворениот кампус во Скопје

Иако беше неизвесно дали новата учебна година ќе започне со физичко присуство, Меѓународното училиште „Маариф“, и посака добродојде на првата генерација ученици кои одбраа да бидат дел од ова училиште, односно новиот кампус во Скопје.

Скопје, 27 септември 2021

Првата генерација на ученици во новоотвореното училиште во Скопје веќе се чувствува како дома, а за тоа придонесоа и образовниот кадар на професори, како и самата средина околина и можностите кои ги нуди „Маариф“.

Новиот кампус располага со најнови и модерни лаборатории, „паметни“ училници, библиотека, ресторан и кафитерија, спортски терени, како и клубови за стрелаштво, шах итн. во кои учениците може да се зачленат и да имаат дополнителна активност покрај задолжителните наставни предмети.

Директорот на училиштето во Скопје, Г-дин Зекирија Арслантурк, на свое задоволство како нов член во училиштата на „Маариф“ во земјава, испрати неколку клучни пораки за кои тој е уверен дека ќе ја достигнат својата важност и имплемтација:

Г-н Арслан Турк, Вие го раководите кампусот во Скопје на Меѓународното училиште Маариф, иако сте тука само два месеци, сигурно може да направите некоја споредба на образовниот систем во училиштата на Маариф и кај тие во земјата?

„Рано е да се оцени ова за толку краток период од еден и пол месец. Тешкотиите и убавината во образованието се речиси исти насекаде. Добро обучените наставници се многу важни. Добро обучени и квалификувани наставници се важни како тука, така и на други места.Токму поради оваа причина, ние даваме значење на квалитетот на наставникот. Преферираме наставници со искуство, експерти во своите области, магистри и докторанти“.

Кон што се стреми образованието во училиштата Маариф?

„Во една реченица, се стремиме кон оформување на лица кои ќе бидат самодоволни,  кои носат мир во себе и ќе бидат смирени во својата средина и ќе имаат почит кон различните култури“.

Како индивидуалец, која е вашата визија за генерациите кои ќе имаат можност да станат дел од ова училиште – ако се има предвид дека образованието во ова училиште е приватно?

„Мојата визија е да се оформат поединци кои се среќни, смирени со себе, кои имаат почит кон другите култури и цивилизации, лица со моќен академски статус, кои ќе познаваат неколку јазици и ќе бидат добри и корисни за човештвото и за себе си“- објасни Г-н  Арслантурк.

Инаку, на 13 април годинава Турската Фондација МААРИФ купи дел од студентскиот кампус на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН, со што на учениците од Скопје им овозможи врвно меѓународно образование.

Локацијата сама по себе, во населбата Аеродром, овозможува безбедно пристигнување и користење на градски превоз како и организиран превоз за учениците од самото училиште.

Капацитетот на новото Меѓународно училиште „Маариф“ во Скопје е 1200 ученици, а за реализација на образовниот процес кој ќе се одвива на англиски јазик, предвидени се и во тек се околу 100 нови вработувања, наставен кадар и помошно технички персонал.

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Таг
Back to top button
Close
Close