Дописници МКДКултураКултура.Портал

Меѓународна награда за Крстевски на „SICACO“ во Јужна Кореја

На 10-тиот меѓународен фестивал на современата карикатура и стрип во Јужна Кореја е награден македонскиот стрип-автор и карикатурист Златко Крстевски со тематска награда. Делата се изложени во градската галерија „Daexon“ во Сеул и ќе бидат дел од постојаната колекција на современата карикатура и стрип. Покрај Крстевски, за тематско дело е награден и Блаже Докулески. Посебни награди-дипломи добија македонските уметници Тоде Блажески и Миле Манчески.

Прилеп, 7 декември 2021 (МИА) – На 10-тиот меѓународен фестивал на современата карикатура и стрип во Јужна Кореја е награден македонскиот стрип-автор и карикатурист Златко Крстевски со тематска награда. Делата се изложени во градската галерија „Daexon“ во Сеул и ќе бидат дел од постојаната колекција на современата карикатура и стрип. Покрај Крстевски, за тематско дело е награден и Блаже Докулески. Посебни награди-дипломи добија македонските уметници Тоде Блажески и Миле Манчески.

Како што вели Крстевски ова е „олимписки“ успех на современата македонска карикатура и стрип.

– Станува збор за традиционална изложба на современ сатиричен цртеж и стрип. Се испраќаат исклучиво оригинални дела. И покрај глобалната пандемија, сите автори од кај нас се потрудија да испратат оригинални дела. Делата се изложени во „Сити галери Дексон“ во Сеул. Остануваат како дел од постојаната поставка на „SICACO“ современа карикатура и стрип. Секако дека ова е „олимписки“ успех на современата македонска карикатура и стрип, вели Крстевски.

Крстевски од 1991 година ја претставува македонија на меѓународни антологии, фестивали, изложби и симпозиуми. Доказ за тоа е неговото име во бројните каталози. ем/нд/

Back to top button
Close
Close