0_Спорт.ПорталДописници МКДОстанатоСпорт

Меѓународен турнир во шах в недела во Тетово

Во организација на тетовскиот шаховски клуб „Анпасан“ и културното друштво „Визион М“ со техничка поддршка од Шаховската федерација на Северна Македонија в недела 26 јуни во Тетово ќе се меѓународени шаховски турнир.

Тетово, 23 јуни 2022 (МИА) – Во организација на тетовскиот шаховски клуб „Анпасан“ и културното друштво „Визион М“ со техничка поддршка од Шаховската федерација на Северна Македонија в недела 26 јуни во Тетово ќе се меѓународени шаховски турнир.

Предвидено е шаховските дуели да се одржат на градскиот плоштад, каде турнирот в недела треба да започне во 10 часот.

– До недела се очекува учеството да го потврдат над 150 шахисти кои се рангирани по бодови на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ). Целта е да се афирмира шаховската игра на ова поднебје особено на младите, изјави Назмидин Имери, претседател на клубот „Анпасан“.

Турнирот ќе се одвива по швајцарски систем или во девет круга според правилата на ФИДЕ. Главни арбитри ќе бидат Сашко Лакински, меѓународно лиценциран судија и Бурханедин Мисими, секретар на Косовската шаховска федерација, заедно со пет помошници судии. ас/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close