Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка”

На плоштадот „Карпошово востание" во Крива Паланка синоќа се одржа четвртиот меѓународен детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка", на кој учествуваа околу двесте дечиња, играорци и играорки од повеќе фолклорни друштва и ансамбли од Србија.

Крива Паланка, 3 јули 2022 (МИА) – На плоштадот „Карпошово востание” во Крива Паланка синоќа се одржа четвртиот меѓународен детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка”, на кој учествуваа околу двесте дечиња, играорци и играорки од повеќе фолклорни друштва и ансамбли од Србија.

Фестивалот е во организација на НУ Центар за култура Крива Паланка, со поддршка од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и Министерство за култура на РС Македонија.

Учесниците и присутните ги поздрави претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, порачувајќи дека на општо задоволство на сите генерации, во општина се одржа овој убав и исполнет со многу насмевки настан, дел од „Кривопаланечко културно лето 2022″, а градот беше обоен со боите на битот и фолклорот.

Најмладите играорки и играорци од КУД „8 Октомври” настапија како домаќини, претставувајќи се со „Источна”, „Егејска” и „Паланечка тројка”, а со  игри и ора карактеристични за нивниот крај настапија и: КУД „Илинден”, Битола, КУД „Ефрем Каранов” од Кратово и гостите и долгогодишни соработници од Р.Србија КУД „Младост” од Ковин. ид/цр

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close