Граѓански секторОригинални текстови

Меѓународен ден на лицата со попреченост

Скопје, 3 декември 2021

Скопје, 3 декември 2021 

Изјава од претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

„Додека преомислуваме подобра иднина за секое дете, на овогодинешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост мораме да се запрашаме што може општеството да стори за да обезбеди сите деца – без оглед на нивните способности – да имаат еднакви појдовни основи за постигнување на своите целосни потенцијали.

Сите деца поседуваат огромен потенцијал. Фокусирање само на попреченоста кај едно дете без да се согледа детето во целина доведува до ограничување на тој потенцијал. Како и сите деца, децата со попреченост во себе носат можност за среќен и содржаен живот, витално учество во заедницата и придонес во градењето  инклузивно и одржливо општество.

Едно општество не може да биде правично ако не се вклучени сите деца, а децата со попреченост не може да бидат вклучени ако не се промени нивната околина на начин што го овозможува и го поддржува нивно учество.

 Северна Македонија направи огромни напори за воведување инклузивни практики во здравството, образованието и социјалната заштита. Воведувањетo на нов модел на проценка врз основа на Меѓународната класификација за функционирање, попреченост и здравје (МКФ); новиот закон за основно образование кој предвидува целосно воведување на инклузивно образование и преобразба на специјалните училишта во ресурсни центри; престанок на сместувањето деца во големи установи за постојано згрижување; воведување скрининг за рано откривање на заостанување во развојот; и проширување на опсегот услуги лоцирани во заедниците со кои им се обезбедува поддршка на семејствата, се некои од главните одредници во настојувањата децата со попреченост да го заземат местото во општеството што со право им припаѓа.   

 На овој Меѓународен ден на лицата со попреченост апелираме до сите чинители да продолжат да ги одржуваат овие повеќесекторски напори за да не се дозволи заостанување на децата со попреченост. Овие реформи мора да станат реалност во секоја заедница во земјата со цел сите деца со попреченост да ја добијат потребната поддршка за да можат да одат на училиште заедно со нивните врсници и да ги добиваат здравствените и социјалните услуги што им се потребни.

 Детето кое се оценува врз основа на способностите што ги има, ќе се здобие со поголема самодоверба, ќе има подобри изгледи за вклучување во образование – почнувајќи од предучилишното образование и во секојдневниот живот. А стручните работници кои ги знаат  способностите на децата можат подобро да осмислат индивидуализирани планови за поддршка на инклузијата – од пристап до асистивна технологија до планови за учење. Исто така, вклучувањето на децата со попреченост им помага на сите деца во една училница да научат повеќе за сочувствителноста, правичноста, соработката и општествената солидарност, а тие вредности се одразуваат врз подобрувања на оценките и училишниот успех.

 Во основа, да се гледа на децата од перспектива на она што се способни да постигнат во услови кога би се отстраниле бариерите, помага во создавањето општество во кое попреченоста ќе се смета за вообичаен дел од животот и различноста помеѓу луѓето и во кое сите деца ќе бидат вклучени и ќе учествуваат.“

 Белешки:

  • УНИЦЕФ  обезбеди насоки од ОН за терминологија на македонски јазик што е инклузивна за лицата со попреченост (линк)Упатен е повик до наставниците од основните училишта од целата земја на 3 декември да одржат интерактивни предавања со децата за да работат на менување на изразите што се користат во овој домен. Материјалите вклучуваат план за наставниот час, презентација и квиз за попреченост, изработени во консултација со Бирото за развој на образованиетоНа уредниците им се препорачува да ги споделат овие материјали со новинарите и другите колеги што работат во медиумите, со цел во медиумите да се користат изрази со кои се поддржува унапредувањето на правата на лицата со попреченост.


Претставничка на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close