0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Меси треба да игра со Ремс, учеството на Мбапе е под знак прашалник

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси најверојатно ќе игра на натпреварот од 22. коло од Лига 1 против Ремс закажан за 23 јануари.

Париз, 20 јануари 2022 (МИА) – Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси најверојатно ќе игра на натпреварот од 22. коло од Лига 1 против Ремс закажан за 23 јануари.

Според „L’Équipe“, Аргентинецот работи во генералната група и се чувствува добро. Најверојатно ќе игра против Ремс. Во средата тренираше со тимот, а потоа одработи и индивидуални вежби.

Учеството во мечот на Килијан Мбапе, кој се повреди на натпреварот со Брест (2:0) е доведен во прашање. Тој не тренираше претходните двадена. Утре ќе му биде извршен уште еден преглед. И покрај желбата на Французинот да игра на сите натпревари, стручниот штаб на ПСЖ може да го поштеди.

Нејмар се уште работи на индивидуална програма. Бразилецот кој се повреди на крајот на ноември, на теренот треба да се врати на крајот на јануари или на почетокот на февруари. Целта му е целосно да се подготви за првиот натпревар против Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, кој ќе се одигра на 15 февруари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close