0_Спорт.ПорталФудбал

Меси се врати на тимските тренинзи

Фудбалерот на Пари-Сен Жермен, Лионел Меси учествуваше на денешниот тимски тренинг во општата група во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер сити.

Париз, 27 септември 2021 (МИА) – Фудбалерот на Пари-Сен Жермен, Лионел Меси учествуваше на денешниот тимски тренинг во општата група во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер сити.

Триесет и четиригодишниот Аргентинец пропушти два натпревари во Париз поради повреда на коленото.

– Според информациите од таборот на парискиот клуб, Меси ќе биде на списокот за натпреварот против Сити, објави новинарот на „ТНТ Спортс“, Марсело Бехлер.

Натпреварот ПСЖ – Манчестер сити ќе се одигра на 28 септември, со почеток во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close