Посетете ја новата веб страна на МИА
0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Меси го игра јубилејниот 1000. натпревар во кариерата

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси вечерва го игра осминафиналниот натпревар на Светското првенство 2022 година против селекцијата на Австралија. Триесет и петгодишниот Аргентинец слави јубелеј - 1.000-ти натпревар во својата професионална кариера.

Ал Рајан, 3 декември 2022 (МИА) – Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси вечерва го игра осминафиналниот натпревар на Светското првенство 2022 година против селекцијата на Австралија. Триесет и петгодишниот Аргентинец слави јубелеј – 1.000-ти натпревар во својата професионална кариера.

Меси најголемиот дел од кариерата го помина во Барселона. За шпанскиот клуб одигра 778 натпревари.

За сегашниот негов клуб, ПСЖ одигра 53 натпревари, а уште 168 пати беше на теренот како дел од репрезентацијата на Аргентина.

Лионел Меси има постигнато 788 голови. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close