0_Спорт.ПорталФудбал

Меси: Барса многу ќе напредува со Чави

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси го сподели своето мислење за назначувањето на неговиот поранешен партнер Чави за тренер на Барселона.

Париз, 23 ноември 2021 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси го сподели своето мислење за назначувањето на неговиот поранешен партнер Чави за тренер на Барселона.

– Чави е тренер кој знае многу. Тој одлично го познава клубот, каде што е запознаен со сè уште од детството. Неговото доаѓање е многу важно за младите играчи. Не се сомневам дека Барса ќе порасне многу со него, изјави Меси.

Чави, кој најголемиот дел од својата професионална кариера ја мина во Барселона, потпиша договор до 2024 година.

За да се врати во каталонскиот клуб, тој го напушти катарскиот „Ал-Сад“, кој е тренер од 2019 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close