Општински вестиСкопје

Мерна станица за квалитет на воздух поставена во Кисела Вода

Мерна станица за квалитет на амбиентален воздух е поставена во паркот „Македонија“, веднаш до Домот на култура.

Скопје, 20 ноември 2021 (МИА) – Мерна станица за квалитет на амбиентален воздух е поставена во паркот „Македонија“, веднаш до Домот на култура.

– Преку заедничка соработка на Општина Кисела Вода и Градот Скопје, жителите на овој дел од градот, за прв пат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот. Се мери концентрација на PM10, NO2, SO2, CO како и температура, влажност на воздух и брзина на ветар и истите се ажурираат на секои 5 минути. Аирпоинтерот поседува и дисплеј што овозможува резултатите од мерењето да бидат видливи во секој момент. Истите резултати се достапни и на официјалната веб страни на Општина Кисела Вода, како и на порталот на Град Скопје, информираат од општинската прес-служба.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период вакви мерни станици ќе се постават околу сите големи загадувачи. Од општината посочуваат дека борбата за здрава животна средина, борбата со загадувачите, ќе биде бескомпромисна, изјави тој.фф/са/

Таг
Back to top button
Close
Close