Дописници МКДОпштински вести

МД „Илинден” – Тирана седум години членка на ФУЕН

Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, одбележува седум години, од приемот во семејството на претставниците на европските националности и стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

Тирана, 17 мај 2022(МИА) – Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, одбележува седум години, од приемот во семејството на претставниците на европските националности и стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).
-Особена заслуга за нашето членство во ФЕУН има Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со претседателот Бил Николов кое му помага на друштвото „Илинден“ – Тирана намирувањето на годишната членарина, за што изразуваме благодарност, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Во оваа непрофитна асоцијација друштвото беше примено на Конгресот што се одржа во 2015 година во Комотини, во Грција, во организација на Федерацијата на западно – тракиски Турци во Европа, здружението на дипломирани студенти на западна Тракија и Партијата за пријателство, еднаквост, мир.
-Од тогаш до денес, Македонско друштво „Илинден” – Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Албанија. Покрај тоа е редовен учесник во овие седум години на сите конгреси на ФЕУН. Така, бевме присутни и активно партиципиравме во работата на конгрсот во Клуж – Напоча, Романија на 20 мај 2017 година, како и на следниот Леуварден, Холандија, на 23 јуни 2018 година и на последниот конгрес одржан на 15 јуни 2019 година во Братислава, Словачка и за 2020 – 2021 година поради пандемијата со COVID-19, Собранието беше организирано и реализирано на интернет, посочува тој.
На сите конгреси однесуваше резолуции чија содржина и цел беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).
Истите се пратени до сите меѓународни институции кои се поврзани со малцинските  проблеми, како и во државните институции на Република Албанија. Колку и дали овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија ќе биде следниот чекор кој ќе го преземеме на следниот конгрес на ФУЕН.
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана во функција на рамноправен член во ФУЕН и како дел од работната група на словенските малцинства во Европа, активно го покренува прашањето за Македонците во Албанија на меѓународната сцена.
-Македонското друштво „Илинден“ – Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до сите членки на ФУЕН за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското малцинство во Албанија. Истовремено испраќаме искрени честитки до членовите, соработниците и симпатизерите на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана за седумгодишно членство во највисоката малцинска организација во Европа, со желба и натаму јасно и опстојно да работат на интересот и барањата на Македонците во Република Албанија. Да ни се множат јубилеите, пишува во објавата Ѓурѓај. вт/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close