0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдерМакедонија.СлајдерОпштество

МВР: Пријавата за напад е лажна

Пријавата за напад е лажна, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 30 ноември 2021 (МИА) – Пријавата за напад е лажна, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

– Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Оттаму упатуваат благодарност до граѓаните за трпението и до медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата.

Попладнево, поради пријава за напад беа евакуирани неколку објекти во центарот на градот меѓу кои МИА, СЕП, ДКСК, МНР, а блокирани беа сите приоди кон МНТ. Министерството за внатрешни работи соопшти дека постапува по пријава за напад откако едно лице се јавило во билетарницата на МНТ. бак/дма/

Back to top button
Close
Close