ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 25.11.2021 во периодот од 10.00 до 15.00 часот, на поширокото гостиварско подрачје спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Во контролата откриени и санкционирани се 3 технички неисправни возила. Едно од нив имало неисправни сопирачки, а две биле со неизвршен технички преглед.

Скопје, 26 ноември 2021 (МИА) – Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишиле од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид.

Од МВР денеска соопштија дека при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.11.2021 на ул.„Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишиле од слобода Н.С.(37) од Охрид. При контрола тој исфрлил едно пакување со бела прашкаста материја, која била одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.11.2021 во 19.00 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на подрачјето на Карпош ги лишиле од слобода Е.Б.(28) и О.У.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.11.2021 во периодот од 08.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 34 возачи, од кои 16 на подрачјето на Струмица, 12 на подрачјето на Радовиш, 4 во Гевгелија и 2 во Валандово. Од нив, 20 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 14 надвор од населено место. За сторените прекршоци возачите биле соодветно санкционирани.

На 25.11.2021 во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Скопје, удрило во пешакот Ѓ.Ѓ.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 25.11.2021 во периодот од 10.00 до 15.00 часот, на поширокото гостиварско подрачје спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Во контролата откриени и санкционирани се 3 технички неисправни возила. Едно од нив имало неисправни сопирачки, а две биле со неизвршен технички преглед. Возилото со неисправни сопирачки веднаш е исклучено од сообраќај и на тројцата возачи изготвени им се соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

На 25.11.2021 во 18.10 часот во Полициската станица Центар, К.Ф.(47) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“ бил каснат од две кучиња, кои биле со едно лице. По  расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок.

Во текот на изминатото деноноќие (25.11/26.11.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 23 прекршоци. цр/

Таг
Back to top button
Close
Close