ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 10:20 часот на улица „Тодор Чангов“ во населба Лисиче, Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје. Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.

Скопје, 5 октомври 2022 (МИА)Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 10:20 часот на улица „Тодор Чангов“ во населба Лисиче, Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје. Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната. 

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера во Битола го лишиле од слобода Д.Ч.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и други предмети со остатоци од непозната материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово  вчера во 20?45 часот ги лишиле од слобода А.А.(28) од Тетово и 21-годишната Њ.Ј. од тетовско Пршовце, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување  и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Вчера во 22:10 часот во село Ржаничино, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го лишиле од слобода А.Б.(40) од с.Катланово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На булевар „Никола Карев“ во Скопје вчера во 17:20 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Љ.(27) и М.Љ.(29), двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава според која непосредно пред тоа, на подрачјето на Кисела Вода, сториле кривично дело „разбојништво“, при што од едно лице одзеле мобилен телефон. По преземени мерки и активности сопрено е патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двете осомничени лица, тие се приведени во полициска станица, а кај нив е пронајден одземениот предмет. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Л.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уништување или прикривање на необработен архивски материјал”. Пријавениот, управник на експозитура во АД „Пошта на Северна Македонија”, во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал за 2018 година без да има дозвола и одобрение добиени од Државниот архив на Република Северна Македонија за уништување на предметниот службен материјал.

Вчера во 23:30 часот на улица „Тодор Александров“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ф.И.(27) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.10.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет мерки за нерегистрирани возила…

Во текот на вчерашниот ден (04.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 150 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 52 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

На подрачјето на СВР Штип вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 23 прекршоци, од кои 13 во населено место и 10 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 23 други видови на прекршоци, од кои 12 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за управување под дејство на алкохол, 1 за претовар, 2 за некористење сигурносен појас и 6 за непрописно паркирање.

Во Полициската станица Струмица вчера во 13:30 часот било пријавено дека на локален пат од село Банско кон село Муртино, струмичко, Џ.Е.(20) од село Банско, управувајки патничко возило „опел вектра“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот У.М.(20), кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а возачот и сопатникот И.И.(20) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во пешакот А.А.(36) од Скопје и го напуштило местото на несреќата. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Во Полициската станица Карпош, вчера во 16:30 часот С.З.(58) од Скопје пријавила дека на улица „Ангел Динев“ била касната од куче скитник.

Вчера во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Никола Карев“ во Скопје, И.М.(42) од село Чифлик, скопско, управувајќи автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рампа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничката С.Б.(43), а со телесни повреди се здобила патничката М.А.(32), двете од село Долно Соње, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во Полициската станица Карпош, вчера во 11:30 часот Ф.Р.(69) од Скопје, пријавила дека на улица „Франце Прешерн“ била касната од куче скитник.

Вчера во 14:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од М.Б.(25) од Скопје, патничко возило „опел“, управувано од И.Ш.(52) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, управувано од И.А.(34) од с.Љуботен, скопско, сите три со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „опел“, Ј.Ш.(49) и Б.Ѓ.(24), како и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес“, Н.Ш.(49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Во Полициското одделение Шуто Оризари, вчера во 9 часот  Д.Д.(41) од Скопје пријавила дека на улица „Хаџи Јован Шишков“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. ар/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close