ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Пред маркет на улица „Џон Кенеди“ во Скопје вчера во 14:10 часот пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(33) од Скопје, и моторцикл „крос“, управуван од Б.А.(22) од Скопје. По несреќата Б.А. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетен сопатник од Скопје во патничкото моторно возило „опел корса“ во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ од лекар му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

+389 2 2461600
marketing@mia.mk
Таг
Back to top button
Close
Close