ОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 27.11.2021 во 01.30 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес се лишени од слобода Д.Р.(19) и В.М.(20) од двајцата од Велес затоа што кај нив е пронајдена марихуана и прашкаста материја.

Скопје, 27 ноември 2021 (МИА)На 27.11.2021 во 01.30 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес се лишени од слобода Д.Р.(19) и В.М.(20) од двајцата од Велес затоа што кај нив е пронајдена марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска ( 27.11.2021) во 11.15 часот во с.Подареш, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.П.(34) од с.Подареш. При претрес во куќата каде живее, дворно место, помошни простории и две возила извршен со судска наредба, биле пронајдена и одземена марихуана (околу 255 грама), дигитална вага, а имало и импровизиран простор за обработка на марихуаната. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.11.2021 во 12.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Антон Попов“ во стан сопственост на В.Ј.(88) настанал пожар, а од пожарот биле оштетени влезните врати од два соседни стана. Сопственичката В.Ј. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

На 26.11.2021 година, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници затекнале и санкционирале 17 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место се движеле со брзина поголема од дозволената (Охрид-02, Струга-07, Кичево-05,, Дебар-03). Санкционирани се и 12 возачи на моторни возила поради извршено престигнување на места каде престигнувањето е забрането (Охрид-11, Дебар-01)..

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(21) и уште четири малолетни лица на возраст од 15 години, сите од Охрид. Пријавените, тешките кражби ги извршиле од 21.06.2021 до 17.11.2021 година на разни локации во Охрид, кога во згодни прилики одзеле 14 велосипеди. На тој начин, тие се стекнале со противправна имотна корист во вкупна вредност од 206.000 денари.

На 26.11.2021 во 14,05 часот на ул. Б.Ѓиноски во Гостивар патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.И.(25) од с.Градец, општина Врапчиште  удрило во малолетен пешак од Скопје. По незгодата пешакот е пренесен во болницата во Гостивар каде од лекар консатирани му се тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.З.(31) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 24.09.2020 на граничен премин Табановце бил извршен претпрес над пријавениот, кој управувал патничко возило „мерцедес“, при што биле пронајдени и одземени хероин и метадон.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.С.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.05.2021 на автопатот Кичево-Скопје, при извршена контрола, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

На 26.11.2021 во 04,00 часот во СВР Струмица М.М.(60) од с.Добрејци пријавил дека околу 03,00 часот во казино во Струмица бил физички нападнат од Т.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.11.2021 во 21.20 часот во СВР Тетово П.Ф.(38) од Тетово пријавил дека околу 20.50 часот во угостителски објект во Тетово по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Д.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.11.2021 во 17,00 часот на ул. Ж.Брајкоски во Гостивар патничко моторно возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Л.(25) од с.Д.Бањица,  удрило во Д.С.Н.(60) од Гостивар. Д.С.Н. е пренесена во болницата во Гостивар каде од лекар консатирани и се тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Е.(24) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 18.07.2021 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 27.11.2021 околу 00.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека пред угостителски објект во Кратово Е.П.(45) од Кратово била физички нападната од А.Т.(19) од с. Железница, кратовско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.11.2021 околу 09.15 часот во СВР Скопје М.Џ.(33) од Скопје пријавил дека околу 08.00 часот додека извршувал работни задачи како такси возач на подрачје на Центар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од А.Т.(36) од Скопје. Сочинет записник за констатиран прекршок од ЗПП ЈРМ.

На 26.11.2021 во 19.30 часот од с.Чегране, гостиварско од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода С.А.(37) од с.Чегране постапувајќи по претходна пријава од М.Р.(39) од с.Чегране дека околу 11.00 часот додека неговиот малолетен син бил во училиште во с.Чегране бил физички нападнат од С.А. вработен во училиштето. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.11.2021 во 12,00 часот во СВР Скопје А.К.(19) од Скопје пријавила дека околу 12,00 часот во близина на бензинска пумпа на подрачје на Гази Баба била физички нападната од Д.С.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.11.2021 во 07.42 часот во СВР Скопје З.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека околу 05.00 часот настанал пожар во задниот дел од неговата куќа на ул.Христо Батанџиев. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

На 26.11.2021 во 18,30 часот полициски службеници од СВР Струмица извршиле службен разговор со С.З.(32) од с.Муртино, струмичко во врска со претходна пријава на 25.11.2021 во 19,00 часот од 18 годишна жителка на Радовиш, која пријавила дека на 23.11.2021 околу 21,30 часот во с. Муртино заедно со С.З. заминале во куќа сопственост на С.З., каде користеле марихуана, а потоа пријавениот се обидел да ја силува. По добиена судска наредба извршен е претрес на домот и други простории во с.Муртино сопственост на С.З. при што пронајдени се предмети со остатоци од марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.11.2021 во  03.10  часот во СВР Тетово Ф.С.(18) од Тетово пријавил дека околу 01.00 часот во двор од неговата куќа во населба Дреновец тој и членови на неговото семејство по претходна расправија биле физички нападнати од три лица кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.11.2021 во 20.05 часот во СВР Тетово Т.Т.(64) од Тетово пријавил дека неговиот 12 годишне внук на ул. 180 бил каснат од куче скнитник.

На 26.11.2021 во 10.40 часот во СВР Скопје И.Ф.(37) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот на подрачје на Шуто Оризари неговиот 16 годишен син бил турнат од едно лице кое со закана со остар предмет му одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.11.2021 во 20.30 часот во с.Петровец, скопско од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода К.Ј.(20) затоа што физички нападнал полициски службеник кој постапувал по претходна пријава од Ј.Ј.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.11.2021 во 16.14 часот во полициска станица Прилеп од општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив била донесена почината В.Ј.(42) од с.Марил, прилепско. Известен е јавен обвинител по чија наредба над телото на починатата ќе се изврши обдукција. оџ/нд/

Back to top button
Close
Close