ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

По претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица Виница во село Крушево, виничко, денеска лишен е од слобода А.Е.(41) од Кавадарци. Тој бил баран врз основа на централна потерница за доиздржување на затворска казна за сторени три кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик.

Скопје, 27 септември 2022 (МИА) – По претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица Виница во село Крушево, виничко, денеска лишен е од слобода А.Е.(41) од Кавадарци. Тој бил баран врз основа на централна потерница за доиздржување на затворска казна за сторени три кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.

СВР Скопје– Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”.
На 15.02.2022, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во дворно место на улица „Брсјачка буна” во Шуто Оризари-Скопје. При контролата тие го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без регистрирано правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност – Складирање и третман на отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Вчера во 17 часот во тетовско Слатино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот Џ.А. од истото село, кој работејќи со багер околу пладне ја оштетил електричната инсталација и го прекинал напојувањето со електрична енергија на повеќе жители во селото. Извршен е увид, а по целосно документирање на случајот на Џ.А. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На локалниот пат Кочани – село Полаки, вчера во 20:45 часот при контрола во патничко возило „форд“, управувано од Д.Т.(36) од Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани пронашле огревно дрво без соодветна документација. Возилото со дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во полициската станица во Кавадарци, вчера 40-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 19.000 денари
. Според пријавеното лицето му се јавило и му порачало да му изработи кујна, а капар ќе му даде во текот на денот во Велес. Како што е пријавено, во меѓувреме лицето повторно му се јавило и го замолило пријавителот да однесе 19.000 денари на друго лице од Кавадарци на кое му должело пари, а дека ќе му ги врати при подигање на капарот во Велес. Исто така, според пријавеното, откако ги однел парите отишол во Велес и не успеал телефонски да го добие лицето, сфатил дека е измамен. ОВР Кавадарци презема мерки за расчистување на случајот.

Вчера во село Лева Река, ресенско, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен пронашле околу 10 м3 огревно дрво без жиг и соодветна документација. Исто така, во Ресен, од Е.К. од Ресен било одземено патничко возило „југо” без регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво без документација. Дрвата биле предадени на Шумска полиција и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против Д.А.(53) од село Војиславци, радовишко. Лицето се сомничи дека во периодот од октомври 2021 до август 2022 година извршил пет кривични дела „тешка кражба“ во два манастира и една црква во близина на село Војиславци, радовишко.

По преземени мерки и активности за откривање на нелегална сеча на дрва, вчера полициски службеници од ОВР Свети Николе, во содејство со Шумско стопанство Свети Николе, околу 15 часот во атарот на село Стањевци, светиниколско, пронашле и одзеле бесправно исечени огревни дрва, кои биле предадени на Шумска полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(42) од селото Белчишта, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тој, на повозрасна жителка на Охрид, доведувајќи ја во заблуда, ѝ ветил дека ќе ѝ овозможи престанок на должнички однос во една финансиска институција, која претходно ѝ одобрила кредит. Притоа, од оштетената побарал и добил 24.000 денари.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Б.(60) и М.Б.(38), двајцата од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Тие, на 18.09.2022 година на улицата „Рудничка“ во Кичево физички го нападнале Х.С.(44) од селото Колари.

Вчера во 08часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода С.Б.(44) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 00:30 часот физички го малтретирал своето малолетно бебе, кое подоцна починало. Смрт констатирал лекар од Детска клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде било пренесено се укажување помош. Според пријавеното, околу 00.30 часот, С.Б.(44) го удирал бебето, а потоа физички ја нападнал и својата сопруга А.М.(36) од Скопје. После тоа, А.М. го однела бебето во клиниката, каде била констатирана смрт. Против С.Б. е поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

На 27.09.2022 во 02:30 часот во Полициската станица Аеродром, С.П.(38) од Скопје пријавил дека околу 00:20 часот пред зграда на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од З.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.09.2022 во 11:30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на место викано „Шербетница-Водно“, на подрачје на Центар, поради нарушени меѓусоседски односи, Ф.А.(38) од Скопје физички ја нападнал Ј.Д.(63) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.09.2022 во 17:50 часот во Полициското одделение Петровец, В.С.(66) од Скопје пријавил дека околу 15 часот во населба Илинден, на место викано „Чешма“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.09.2022 во 19:10 часот во Полициското одделение Сарај, И.Х.(37) од село Рашче, скопско, пријавил дека околу 17:30 часот пред маркет во село Рашче неговиот син, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Џ.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.09.2022 во 20:25 часот во ОВР Кичево, Н.Р.(52) од кичевското село Трапчин дол пријавил дека на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 26.09.2022 во 12:30 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ѓ.(75) и Љ.С.(70), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.09.2022 во 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на улица „Ферид Бајрам“ две лица физички го нападнале вработениот и одзеле пари од дневниот промет. Според пријавеното, едно од лицата од пиштол испукало кон пултот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.У.(47) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.03.2022, при извршен претрес во дом на лице од Струга, биле пронајдени кокаин и остатоци од хероин, а дел од трагите потекнувале и од пријавениот.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(40) од село Моин, гевгелиско, поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.05.2022, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле претрес во куќата и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и вага со остатоци од марихуана.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Н.(49) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.03.2022 во Велес, од страна на полициски службеници бил извршен преглед над пријавениот и бил пронајден и одземен хероин.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од село Љубаништа, охридско и против управителот Б.Р.(40) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавените, како инвеститори на градба на земјиште, веќе постоечки објект-пошта го реновирале и извршиле пренамена во индивидуална семејна куќа, извршиле доградба на поткровје без да поседуваат одобренија за градба, за адаптација со пренамена од деловен во станбен простор и без Одобрение за реконструкција на деловен објект.

На 27.09.2022 во 03:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на пет патнички возила, од кои четири паркирани на улица „Гоце Стојчевски“ и едно паркирано на улица „Лазо Москов“, и тоа „фолксваген голф“, „рено меган“, „рено твинго“, „ауди“, сите со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со англиска национална ознака. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Д.(45) од село Лешок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. При извршена контрола во текот на 2021 година било констатирано дека на негова катастарска парцела во село Лешок, општина Теарце, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, пријавениот изградил деловен објект без одобрение за градење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против К.Р.(53), Ш.Џ.(46), двајцата од село Зајас, кичевско, Р.И.(54) од село Горно Строгомиште и две правни лица од Кичево и Зајас, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2018-2019 година, пријавените во својство на инвеститори и одговорни лица во правните лица изградиле станбена зграда спротивно на одобрението за градење издадено од Општина Кичево, констатирано на записник за извршен инспекциски надзор од страна на Овластен градежен инспектор од Општина Кичево.

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.М.(42) од село Олевени, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 24.09.2022 во 13:30 часот во село Кукуречани, од страна на полициски службеници пријавениот бил затекнат како управува товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво, без да поседува соодветна лиценца за вршење на превоз во внатрешниот јавен транспорт. Наредниот ден (25.08.2022) во 12:50 часот во село Црнобуки пријавениот бил повторно затекнат од страна на полициски службеници како со истото возило пренесува огревно дрво без соодветна лиценца, со што го повторил истото кривично дело. свс/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close