0_Спорт.ПорталФудбал

Мбапе: Меси ќе ги шутира пеналите во ПСЖ, тој е најдобриот играч во светот

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одговори на прашањето зошто Лионел Меси го изведе првиот пенал против Лајпциг во Лигата на шампионите (3:2).

Париз, 20 октомври 2021 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одговори на прашањето зошто Лионел Меси го изведе првиот пенал против Лајпциг во Лигата на шампионите (3:2).

– Во ред е, сè е до почит. Тој е најдобриот фудбалер на светот, фактот што игра со нас е привилегија, јас отсекогаш го велев тоа. Ако има пенал, тој ќе го шутира, точка. На вториот пенал, тој ми рече: „Пукај“. Беше крајот на натпреварот, тој ми дозволи да го изведам пенал и јас го изведов, изјави Мбапе за „Л’Екип“.

Меси реализира пенал во 74. минута од натпреварот, со што резултатот беше 3:2. Во втората минута од судиското надополнување, Мбапе не реализира удар од 11 метри. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close