Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Марјан Коцев од Бистренци го фати Светиот крст во Демир Капија

- Многу ми е мило што имав среќа и го фатив светиот крст на овој голем христијански празник Богојавление - Водици. Посакувам здравје, среќа и мир, рече тој.

Демир Капија, 19 јануари 2022 (МИА) – Марјан Коцев од демиркаписко Бистренци го фати Светиот крст во водите на реката Бошава во  Демир Капија.

– Многу ми е мило што имав среќа и го фатив светиот крст на овој голем христијански празник Богојавление – Водици. Посакувам здравје, среќа и мир, рече тој.

На чинот на положување на светиот крст, му претходеше божествена литургија во црквата „Света Богородица” и осветување на вода, по што поворката предводена од свештени лица се упати кон реката Бошава. свд/цр

Таг
Back to top button
Close
Close