0_Македонија.ПорталПолитика

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Сојузна Република Германија останува наш партнер и силен поддржувач на евроинтегративниот процес. Заеднички ќе одговориме на предизвиците кои нѐ очекуваат оваа зима и ќе ги надминеме со добра координација и соработка, истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ,на денешната средба со министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија Ана Лирман.

Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) – Сојузна Република Германија останува наш партнер и силен поддржувач на евроинтегративниот процес. Заеднички ќе одговориме на предизвиците кои нѐ очекуваат оваа зима и ќе ги надминеме со добра координација и соработка, истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ,на денешната средба со министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија Ана Лирман.
На средбата на која соговорниците разговарале за билатералните односи меѓу двете земји, политичката состојба во регионот и неговата европска перспектива, вицепремиерот упатил благодарност до министерката Лирман за континуираната поддршка, потенцирајќи дека ја цени поддршката што последователно и јавно беше дадена за напредокот што го постигнаа Северна Македонија и Албанија.
– Министерката Лирман ја потврди германската поддршка за земјава за успешен процес на преговори, посочувајќи дека земјата треба да остане фокусирана на европскиот пат со брзо спроведување на реформите кон исполнување на стратешката цел членство во ЕУ, истакнаа од Кабинетот на Маричиќ.
Заменик претседателот на Владата ја информирал Лирман дека минатата недела беа завршени објаснувачките состаноци за кластерот Темели, а утре веќе отпочнува објаснувачкиот скрининг за внатрешниот пазар на кластерите.
– Вицепремиерот и министерката Лирман разменија мислења и околу билатералните односи помеѓу двете земји, изразувајќи очекување дека ќе бидат продлабочени во претстојниот период и тоа во вид на поддршка за процесот на преговори, во областите во кои е потребно, додадоа од Кабинетот на вицепремиерот.
Денес и утре вицепремиерот Маричиќ ќе биде во работна посета на Стразбур, каде се обрати на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, по точката: „Размена на мислења со претставници на Владата на Република Северна Македонија, Советот на ЕУ и Европската комисија за односите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ“, заедно со министерот за европски прашања на Република Чешка, Микулаш Бек, Микела Матуела,  вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Елза Фeнет, раководителката на Одделот „Западен Балкан“ во Европската служба за надворешни работи и европратеникот и постојан известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.см/нд/

Таг
Back to top button
Close
Close