0_Спорт.ПорталФудбал

Манчини: Требаше да избориме пласман на СП преку групата, сега ни останува да бркаме учество преку баражот

Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сумираше резултатите од квалификацискиот натпревар за СП 2022 година со Северна Ирска (0:0). Италијанците завршија на второто место во групата, зад Швајцарија, а сега ќе играат во баражот.

Рим, 16 ноември 2022 (МИА) – Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сумираше резултатите од квалификацискиот натпревар за СП 2022 година со Северна Ирска (0:0). Италијанците завршија на второто место во групата, зад Швајцарија, а сега ќе играат во баражот.

– Ништо не може да се направи сега. Во март ќе одиграме натпревар во кој ќе треба да го дадете максимумот. Сега имаме проблеми со головите и покрај тоа што ја имаме топката и иницијативата. Северна Ирска се бранеше со полна сила, а ние не можевме да ја пробиеме нивната одбрана. Штета, одамна требаше да освоиме групата. Треба само да се вратиме на она што ни беше типично пред актуелниот период. На решавачките натпревари не реализиравме два пенала, односно имавме шанси за победа. Сега треба да се подготвиме за мартовскиот бараж и да играме со самодоверба. Се надеваме дека ќе успееме да избориме пласман на Мундијалот во Катар, изјави Манчини.

Италија која е актуелен европски фудбалски шампион, квалификациите го заврши на 2. место во Ц-групата со 16 бода, два помалку од победникот Швајцарија која обезбеди директен пласман на Мундијалот во Катар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close