0_Спорт.ПорталФудбал

Манчини најбрзо ја предводеше Италија до 30 победи

Репрезентацијата на Италија попладнево ја победи Белгија со 2:1 во натпреварот за 3. место во Лигата на нации. За селекторот Роберто Манчини ова е 30. победа на чело на италијанскиот тим. Тој до оваа бројка стигна најбрзо во историјата на земјата - по 44 натпревари.

Торино, 10 октомври 2021 (МИА) – Репрезентацијата на Италија попладнево ја победи Белгија со 2:1 во натпреварот за 3. место во Лигата на нации. За селекторот Роберто Манчини ова е 30. победа на чело на италијанскиот тим. Тој до оваа бројка стигна најбрзо во историјата на земјата – по 44 натпревари.

Во следниот натпревар, Италија ќе се соочи со Швајцарија во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Овој меч е закажан за 12 ноември.

Победникот во Лигата на нации ќе биде познат вечерва по одигрувањето на финалниот меч во Милано, во кој ќе се соочат репрезентациите на Шпанија и на Франција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close