0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Манчестер јунајтед побара од Рашфорд да ги намали социјалните активности

Раководството на премиерлигашот Манчестер јунајтед побара од напаѓачот Маркус Рашфорд да ги намали неговите општествени активности.

Манчестер, 24 мај 2022 (МИА) – Раководството на премиерлигашот Манчестер јунајтед побара од напаѓачот Маркус Рашфорд да ги намали неговите општествени активности.

Според „ESPN“, клубот се обидел да го убеди 24-годишниот Англичанец да се концентрира на подобрување на својата форма.

Забележано е дека и покрај ова, напаѓачот продолжил да се занимава со добротворна работа.

Во сезоната 2021/22, Рашфорд постигна пет гола и направи две асистенции на 32 натпревари за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања. Неговиот договор е со важност до 30 јуни 2023 година.

Рашфорд изминатиот период беше активен во обезбедување на помош за деца од сиромашни семејства. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close