0_Спорт.ПорталФудбал

Манчестер сити е подготвен да го пушти Стерлинг во Барселона за 80 милиони евра

Барселона е во потрага по купување на фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, но шпанскиот клуб ќе има тешкотии да го реализира трансферот.

Мадрид, 19 октомври 2021 (МИА) – Барселона е во потрага по купување на фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, но шпанскиот клуб ќе има тешкотии да го реализира трансферот.

Според „Марка“, премиерлигашот бара од Каталонците 80 милиони евра за трансфер на Англичанец. Барселона не може да плати толкава сума поради финансиски проблеми.

Договорот на 26-годишниот играч од средниот ред со Манчестер сити истекува во 2023 година.

Сезонава, Стерлинг одигра десет натпревари за тимот и постигна еден гол и една асистенција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close