0_Web_АктуелноЛокални избори 2021Политички партии

Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово

Сакам да се заблагодарам на сите кумановчани коишто излегоа денеска на избори. Денеска Куманово победи, не победи Максим Димитриевски и Македонија победи. И разликата е повеќе од шест илјади гласа, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на Куманово.

Куманово, 31 октомври 2021 (МИА) – Сакам да се заблагодарам на сите кумановчани коишто излегоа денеска на избори. Денеска Куманово победи, не победи Максим Димитриевски и Македонија победи. И разликата е повеќе од шест илјади гласа, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на Куманово.   

Тој им вети на граѓаните дека сето она што го говорел во кампањата ќе биде реализирано.

-Се базиравме на реално остварливи проекти. Ова е победа на демократијата. И покрај обидите на поединечни структури од режимот којшто за жал од СДСМ направија една партија која што наликува на нешто што беше минато ќе го дадам својот максимум да направам се за да ги смениме работите во иднина, истакна вечерва Димитриевски. 

Тој им честитам на сите кандидати коишто добија доверба од граѓаните, а пред се да им честитам на сите – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби и сите останати етнички заедници коишто се одважиле, излегле на овие избори и испратиле силна порака до политичарите.

Тој истакна дека е од редовите на СДСМ, дека е член и симпатизер и оти семејство и сите околу него се членови на СДСМ.

-За тоа ќе расправаме допрва во идното време, но можам само да испратам порака она што го направија моите другари со коишто заедно крваревме за да промениме еден систем  на лоши навики, а всушност станаа нешто полошо од тоа треба да им служи на честа. Јас ќе продолжам заедно со граѓаните од тука натаму да креирам само позитивни политики за мојот град, за моите граѓани и за сите граѓани на Македонија, бидејќи Македонија тоа го заслужува. Еднаш засекогаш треба да ставиме крај на лукративниот пристап во оваа држава, рече Димитриевски. ам/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close