0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници Свет

Македонците во Голо Брдо завеани и без струја три дена

Македонците во областа Голо, на албанско - македонска граница и оваа зима не ги одминаа проблемите со кои се соочуваат по обилни снежни врнежи, по кои е познат овој планински регион.

Тирана, 23 јануари 2022 (МИА) – Македонците во областа Голо, на албанско – македонска граница и оваа зима не ги одминаа проблемите со кои се соочуваат по обилни снежни врнежи, по кои е познат овој  планински регион.
По последниот снег, чија дебелина надминува 40 сантиметри, а некаде е и повисока и минусните температури, веќе трет ден се отсечени од светот.
-Дополнителен проблем е и недостигот на електрична енергија присутен веќе трет дена. Во текот на ноќта и утринските часови живата во термометарот падна на – 16 степени целзиусови, а вечерва и утре најава има за повисоки минусни температури, велат жители.
Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште рече дека во соработка со градоначалникот на општина Булќиза се прават максимални напори за надминување на проблемите.
– Обилните снежни врнежи, поларниот студ и мразот го прават своето. Вложуваме максимални напори да се пробијат патиштата. Превземени се сите мерки и сме во служба на жителите за било каква потреба, изјави за МИА Османи.
Областа опфаќа 22 населени места со над 12 илјади жители. вт/бк/

Back to top button
Close
Close