КултураКултура.Портал

Македонските џез-формации „Taxi Consilium“ и „Kanton6“ дел од бугарскиот фестивал „Аларма панк-џез“ во Софија

Фестивалот „Аларма панк-џез“ ќе се одржи утревечер во „Софија лајв клуб“ со концерт на современите џез-формации „Taxi Consilium“ и „Kanton6“ од Северна Македонија и „Noise Linguistix“ од Бугарија.

Софија, 11 јануари 2022 (МИА) – Фестивалот „Аларма панк-џез“ ќе се одржи утревечер во „Софија лајв клуб“ со концерт на современите џез-формации „Taxi Consilium“ и „Kanton6“ од Северна Македонија и „Noise Linguistix“ од Бугарија.

-Концертот е со фокус врз новата македонска џез-сцена, со учество на слободен џез-квартет Taxi Consilium, во кој учествуваат Филип Букршлиев – гитара, Андреа Мирческа – контрабас, Благојче Томевски – кларинет и бас кларинет, Драган Теодосиев – тапани и електро-етно џез триото Kanton 6 Мирко Попов – електроника и глас, Владан Дробицки – тромбон и Синиша Евтимов – електроника и гитара, велат од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.

Македонските џез групи се дел од музичката етикета на PMG Jazz – Скопје, што во последните три години издаде 30 албуми со нова македонска џез-музика. Тие наскоро планираат да го прошират продуцирањето и на групи од поширокиот балкански регион.

– Бугарското дуо Noise Linguistix, составено од Михаил Иванов – контрабас и Александар Логозаров – гитара, кои свират во слична стилистика и ги носат карактеристиките на истата таа поширока нова балканска џез сцена, на чијшто процут сме сведоци во последните години, велат од КИЦ на Република Северна Македонија во Софија.

Вратите на клубот се отвораат во 20:00 часот, а концертот ќе започне во 21:00 часот. Дополнителни информации за настанот се достапни на следниот линк. ки/са/

Back to top button
Close
Close