СпортСпорт.СлајдерФудбал

Македонските фудбалерки ја пречекуваат Северна Ирска

Женската А репрезентација на Северна Македонија денеска ја пречекува Северна Ирска во рамките на европските квалификации за пласман на Светското првенство 2023 што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд.

Скопје, 25 ноември 2021 (МИА) – Женската фудбалска А репрезентација на Северна Македонија денеска ја пречекува Северна Ирска во рамките на европските квалификации за пласман на Светското првенство 2023 што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд.

Натпреварот, кој се игра во рамките на групата Д од квалификациите, ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 13 часот.

Ова е првиот натпревар од двомечот кој ги очекува избраничките на селекторот Кирил Изов против Северна Ирска. Вториот натпревар ќе се одигра на 29 ноември во Белфаст. ар/зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close