0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Македонските фудбалерки со пораз ги почнаа мундијалските квалификации

Македонската женска фудбалска репрезентација загуби вечерва на гостувањето во Саутемптон од Англија со 8-0 (3-0) во првото коло од групата Д во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Саутемптон, 17 септември 2021 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација загуби вечерва на гостувањето во Саутемптон од Англија со 8-0 (3-0) во првото коло од групата Д во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Домаќинките ја оправдаа фаворитската улога и заслужено ги прокнижија првите три бода во мундијалските квалификации со головите на Ела Тун (13 минута), Елен Вајт (42, 67п), Јулија Живиќ 45, автогол),  Бетани Ингланд (77, 90), Сара Коларовска (79), Бетани Мед (90+1).

Следен противник на македонските фудбалерки, во вторник на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, е репрезентацијата на Австрија, која претходно вечерва триумфираше на гостувањето во Латвија со високи 8-1. ег/сп/

Back to top button
Close
Close