0_Спорт.ПорталРакометРезултатиСпортСпорт.Слајдер

Македонските ракометари останаа без медал на Медитеранските игри во Алжир

Македонската ракометна репрезентација не успеа да се закити со бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Попладнево избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија од селекцијата на Србија со 34:29.

Оран, 6 јули 2022 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација не успеа да се закити со бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Попладнево избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија од селекцијата на Србија со 34:29.

Македонците добро го почнаа натпреварот и веќе во 15. минута имаа водство со 9:6. Следуваа минути на Србите кои најпрво го изедначија резултатот (10:10) во 22. минута, а до крајот на полувремето направија и разлика од два гола (15:13).

Како што одминуваа минутите во вториот дел така растеше и предноста на Србите ко во 45. минута имаа плус пет (26:21), а во 50. највисоки плус седум (30:23), доволно за сигурен триумф и 3. место.

Во финалето кое ќе почне во 17:30 часот ќе играат Шпанија и Египет. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close