0_Спорт.ПорталОстанатоРезултатиСпорт

Македонските одбојкарки поразени од Египет на МИ во Оран

Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби од Египет во својот прв настап на Медитеранските игри во Алжир.

Оран, 26 јуни 2022 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби од Египет во својот прв настап на Медитеранските игри во Алжир.

Египетските одбојкарки беа подобри во првиот сет со 25:20. Македонките возвратија посилно во вториот сет со убедливи 25:11. Следните два повторно ги доби Египет со 25:19 и 25:23.

Во Б-групата се и селекциите на Тунис и на Грција.

Македонските одбојкарки утре во 2.коло ќе се соочат со селекцијата на Тунис. Овој натпревар почнува во 13 часот.

Три часа претходно (од 10 часот) на теренот ќе се појави и машката македонска репрезентација, протибник е селекцијата на Египет. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close