0_Спорт.ПорталКошаркаСпортСпорт.Слајдер

Македонските кошаркарски кадети со победа над Данска обезбедија опстанок во А дивизијата

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 16 години ја забележа првата победа на Европското кадетско првенство во Скопје, откако вечерва во битката за опстанок во А дивизијата убедливо ја совлада Данска со 83-64.

Скопје, 17 август 2022 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација до 16 години ја забележа првата победа на Европското кадетско првенство во Скопје, откако вечерва во битката за опстанок во А дивизијата убедливо ја совлада Данска со 83-64.

Македонските кошаркари брзо стекнаа двоцифрена предност (16-6), која со мали осцилации во играта ја зголемија плус 15 до полувремето (49-34).

На стартот од третата четвртина „црвено – жолтите“ со серија од 8-0 поведоа со високи 23 поени разлика (59-36) и ги решија сите дилеми околу победникот.

Најефикасен во македонските редови беше Никола Јанчиќ со 20 поени.

Со триумфот Македонија обезбеди опстанок во А дивизијата и ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место, а следен противник на „црвено – жолтите“ ќе биде победникот од дуелот меѓу Србија и Летонија. ег/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close