Оригинални текстовиОстанато

Македонските биатлонци бараат да продолжат да спортуваат под покровителство на Скијачката федерација на Македонија

Седумнаесет спортисти кои имаат солидни резултати во категоријата биатлон потпишаа петиција во која најавија дека ќе се откажат од натпреварувањето во овој спорт. Причината за ваквата одлука е формирање на Биатлонска Федерација на Македонија од штотуку регистрирани клубови без никакви активности, надвор од Скијачката Федерација на Македонија, која е формирана во 1952 година за обединување на сите ски-спортови. Македонските биатлонци кои се потписници на оваа петиција, реагираат на незаконскoто формирање на новата федерација и сметаат дека тоа ќе влијае негативно на развојот на овој спорт, како и на пласманот на спортистите на меѓународните натпреварувања. Оттука, тие најавуваат дека нема да се натпреваруваат во овој спрот, туку ќе продолжат да спортуваат во другите дисциплини на ски-спротовите под покровителство на Скијачката Федерација на Македонија, како единствен легитимен претставник на овие спортови и члeнка на меѓународните организации ФИС и ИБУ.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

+389 2 2461600
marketing@mia.mk
Back to top button
Close
Close