0_Спорт.ПорталДописници МКДРакометСпорт

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски нов ракометар на РК Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од денеска е посилен за уште еден македонски репрезентативец, ракометарот Жарко Пешевски.

Битола, 27мај 2022 (МИА) – Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од денеска е посилен за уште еден македонски репрезентативец, ракометарот Жарко Пешевски.

Од битолскиот клуб соопштија дека од сезоната 2022/23 дресот на клубот ќе го носи репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски.

-Овој ракометар се враќа во македонското првенство по настапите за Штутгарт во Бундеслигата. 31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона. Пешевски е роден во Скопје на 11 април 1991 година, а во својата кариера настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт. Во дресот на националната репрезентација е од 2013 година и континуирано настапува на пивотменската позиција, информираа од РК Еурофарм Пелистер-Битола.

Пешевски е шесто ново име во Еурофарм Пелистер за сезоната 2022/23, бидејќи претходно ги доведе Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери и Дмитри Васиљев. мт/ки/

Back to top button
Close
Close