Дописници МКДПолитика

Македонскиот амбасадор во Тирана се сретна со саудискиот амбасадор Хивзи

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски оствари работна средба со неговиот колега, амбасадорот на Саудиска Арабија, Фасиал Гхази Хивзи со седиште во Тирана, кој нерезидентно ја покрива и Северна Македонија, информираа од амбасадата.

Тирана, 21 октомври 2021( МИА) – Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски оствари работна средба со неговиот колега, амбасадорот на Саудиска Арабија, Фасиал Гхази Хивзи со седиште во Тирана, кој нерезидентно ја покрива и Северна Македонија, информираа од амбасадата.
Оттаму додаваат дека срдечната средба била искористена за размена на информации околу можностите за унапредување на економската соработка, областа на туризмот, како и организирање на посета на стопански делегации од двете земји.
Во исто време, двајцата амбасадори размениле мислења и од областа на визниот режим. вт/ки/

Back to top button
Close
Close