0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра нерешено со Романија

Македонската репрезентација составена од фудбалери до 18 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Романија. На тренинг центарот Буфтеа резултатот беше 1:1.

Буфтеа, 9 август 2022 (МИА) – Македонската репрезентација составена од фудбалери до 18 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Романија. На тренинг центарот Буфтеа резултатот беше 1:1.

Голот за нашата репрезентација го постигна Никола Величковски во 65. минута. Романците изедначија по осум минути игра.

Македонскиот селектор Тони Јакимовски на овој натпревар шанса да настапат им даде на: Петар Јакимов, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Фиктрет Ливорека. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close