0_Спорт.ПорталСпорт

Македонската репрезентација во традиционално карате на 35. Европски шампионат

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 35. Европски шампионат во традиционално карате - ЕТКФ во Белград, Србија.

Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) – Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 35. Европски шампионат во традиционално карате – ЕТКФ во Белград, Србија.

Како што информираат од МТКФ, боите на Македонската репрезентација во Белград ќе ги бранат: Дејан Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ во сениорска конкуренција, Антонија Белазелкоска, Иван Пиневски и Максимилијан Глигоров во јуниорска конкуренција, Мила Младеновска во кадетска конкуренција и Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Борјан Синадиновски, Марта Димковска и Софија Јарчевска во конкуренција на деца.

Европски шампионат во традиционално карате се одржува од 29-31 октомври 2021 година.ар/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close