0_Спорт.ПорталДописници МКДОстанатоСпорт

Македонската Боречка федерација ќе реализира регионален проект за обука на млади борачи и тренери

Боречката федерација на Република Северна Македонија (БФРСМ), во соработка со боречките федерации на Хрватска и Србија, ќе го реализира двегодишниот проект „Боречка академија за позитивни вредности“, наменет за обука на млади надежни борачи и тренери.

Кочани, 17 мај 2022 (МИА) – Боречката федерација на Република Северна Македонија (БФРСМ), во соработка со боречките федерации на Хрватска и Србија, ќе го реализира двегодишниот проект „Боречка академија за позитивни вредности“, наменет за обука на млади надежни борачи и тренери.

Станува збор за прва меѓународна соработка од ваков тип за БФРСМ, а проектот вреден 60 илјади евра е регионален и финансиски покриен од фондовите на ЕУ, преку Еразмус+ програмата за спорт.

– Првата работна средба за проектот се одржа во хрватскиот град Пореч, на која претседателот на нашата федерација, Дејан Богданов, со своите колеги Владимир Бреговиќ од Хрватска и Жељко Трајковиќ од Србија се запознаа со активностите што ќе следуваат и динамиката за нивна реализација. Во проектот ќе се вклучат и боречкиот клуб Загреб, како и Боречкиот сојуз на загрепската жупанија, при што ќе бидат опфатени по 20 млади надежни спортисти и по 10 тренери од секоја од државите учеснички. Меѓународни боречки експерти ќе ги обучуваат младите за теми како што се антидопинг, здрава исхрана, заштита од повреди и фер-плеј, истакна Драгана Савева, технички секретар на БФРСМ.

Домаќин на првата обука, што ќе се реализира во септември годинава, ќе биде српскиот боречки сојуз, а во февруари идната година учесниците во проектот ќе престојуваат во нашата земја. Завршната обука е закажана за мај 2023 година во Хрватска. та/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close