Дописници МКДПолитикаПолитички партии

Лукаревска: Советничката листа на СДСМ е вистинско решение за Тетово, во сабота гласајте за број 1

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска повторно се приклучи во кампањата за поддршка на кандидатите за советници предводени од носителот Глигорије Стојановски. Заедно со кандидатите за советници таа ја презенитираше програмата на средби со граѓаните.

Тетово, 17 август 2022 (МИА) – Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска повторно се приклучи во кампањата за поддршка на кандидатите за советници предводени од носителот Глигорије Стојановски. Заедно со кандидатите за советници таа ја презенитираше програмата на средби со граѓаните.-Изборната програма и кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата се најдоброто за Тетово. Тоа се вредни и угледни луѓе кои знаат како да се борат за реашавање на вашите секојдневни проблеми, за развој и подобар живот за сите во европско Тетово. Во сабота вие одлуччувате дали ќе дозволите Тетово и понатаму да биде парализирано и нефункционално или ќе ги поддржите проектите кои му се потребни на градот и на сите граѓани, вие одлучувате дали ќе продолжат празните ветувања или ќе гласате за нов парк и спортска сала, реконструирани улици и училишта, повеќе паркинг места, спотски сали порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Таа ги повика граѓаните на 20 август, во сабота да гласаат за број 1 за советничката листа на СДСМ и коалицијата, бидејќи бројот 1 го гарантира најдоброто.-СДСМ му мисли добро на Тетово и на тетовчани, советничката листа на СДСМ предводена од Глигорије Стојановски е вистинско решение за Тетово, гласајте за број 1 за европско и модерно Тетово, порача Лукаревска. ас/дма/

Back to top button
Close
Close