Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Ловџија од Липково повреден при лов

Четириесет и петгодишен ловџија од Липково бил повреден при лов, соопшти денеска СВР Куманово. Тој вчера ловел со друг ловџија од Матејче кој го повредил со пушка.

Куманово, 29 ноември 2021 (МИА) – Четириесет и петгодишен ловџија од Липково бил повреден при лов, соопшти денеска СВР Куманово. Тој вчера ловел со друг ловџија од Матејче кој го повредил со пушка.

– Вчера во 14:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, Општина Липково, додека биле на лов, А.В. (37) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С. (45) од Липково, информираше полицијата.

Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот. ам/оџ

Back to top button
Close
Close