Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Лишен од слобода жител од село Србјани

Вчера околу 18:30 часот, полициски службеници на ОВР-Кичево го лишиле од слобода А.А.(44) од кичевското село Србјани.

Кичево, 8 декември 2021 (МИА) – Вчера околу 18:30 часот, полициски службеници на ОВР-Кичево го лишиле од слобода А.А.(44) од кичевското село Србјани.

– При контрола на патнички автомобил„ Цитроен“ што тој го управувал на улица „Борис Кидрич“ во Кичево полициските службеници пронајдоа фолии со бела прашкеста материја и епрувета со непозната течност.Тие се одземени и предадени на вештачење а по целосно документирање на настанот ОВР-Кичево ќе поднесе соодветна пријава, рече портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Тој потесети дека вчера рано наутро во 00:55 часот во угостителски објект лоциран на улица „Борис Кидрич“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на Ф.И.(42) врз А.С.(39) двајцата од Кичево. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.за/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close