Дописници МКДОпштински вести

Лица со белодробни заболувања и болни од Ковид-19 го посетуваат апицентарот „Пчеличка“ во Кичево

Лица со белодробни заболувања, хронична опструктивна болест, синуси, бронхити, па дури и болни од Ковид-19, го посетуваат апицентарот „Пчеличка“, кој за првпат беше отворен кон средината на мај годинава во Кичево.

Кичево, 22 октомври 2021 (МИА) – Лица со белодробни заболувања, хронична опструктивна болест, синуси, бронхити, па дури и болни од Ковид-19, го посетуваат апицентарот „Пчеличка“, кој за првпат беше отворен кон средината на мај годинава во Кичево.

Виолета Спасеноска, сопственичка на првиот апицентар во Кичево, вели дека благодетите од апицентарот ги почувствувале и граѓани од соседни, па и подалечни општини, кои и лично се увериле во полезноста на инхалациите за третман на многу болести.

– Можеби е нескромно, но ќе потсетам дека речиси сите корисници на инхалации во апицентарот после повеќедневна терапија се почувствувале многу подобро, а поголем дел од нив заборавиле на болеста која ги следела со години и децении. Многу лица со белодробни заболувања, хронична опструктивна болест, синуси, бронхити, па дури и болни од Ковид-19, во најголем број случаи ги надминале проблемите со болеста и од нашиот апицентар заминале како препородени, вели Спасеноска.

Спасеноска, која со сопругот располага со 100 пчелни сандаци, споделува дел од искуствата на корисниците на овој апицентар.

– Колку е благороден инсект пчелата зборува и случајот на брачен пар од Прилеп, кои со тешки белодробни заболувања дојдоа во апицентарот, во текот на месец јуни и се третираа десет дена, по што се почуствуваа многу подобро и кон крајот на летото повторно направија по десет третмани и како што сами рекоа никогаш во животот не се чувствувале подобро, отколку после овие третмани. Слични се искуствата на многу постари жители, но и на деца и помлади граѓани, кои имаат само пофални зборови  од третманот во апицентарот, вели Спасеноска.

Таа најави отворање на уште еден апицентар во кој корисниците нема да се инхалираат, туку преку стакло ќе ги лекуваат нервните болести.

-Во наредната година планираме да отвориме уште еден апицентар, во кој корисниците нема да се инхалираат, туку преку стакло ќе ги лекуваат нервните болести, цистична фиброза, анксиозност и други нервни болести, кои можат да се третираат со непосредно учество на пчелите преку стакло во нивна близина, рече Спасеноска. за/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close