Дописници МКДОпштински вести

Ликовна изложба во рамки на Деновите на хуманост во Делчево

Ликовните дела кои произлегоа од ликовната работилница организирана по повод манифестацијата Денови на хуманост, од денес се изложени во фоајето на Спомен дом АСНОМ во Делчево. Како што информираше Александар Белогаски стручен соработник на Центарот за култура во настанот биле вклучени и лица со попреченост од Делчево.

Делчево, 4 декември 2021 (МИА) – Ликовните дела кои произлегоа од ликовната работилница организирана по повод манифестацијата Денови на хуманост, од денес се изложени во фоајето на Спомен дом АСНОМ во Делчево. Како што информираше Александар Белогаски стручен соработник на Центарот за култура во настанот биле вклучени и лица со попреченост од Делчево.

Најголем дел од децата кои беа дел од оваа работилница членуваат во Ликовното ателје кое работи во состав на Центарот за култура од Делчево. Иако има и некои недовршени дела, сепак генерално навистина сум импресиониран од она што е насликано. Се работеше во пастел техника, но буквално на децата им беа овозможени повеќе техники, со цел изложбата да биде успешна, рече Белогаски.

Тој додаде дека ликовното ателје „Белогаски“ останува отворено за нови членови.

-Се разбира секој оној којшто смета дека има талент може да се придружи, а ние ќе се потрудиме групите да ги организираме согласно протоколите за заштита од Ковид-19, додаде Белогаски.

Ликовната изложба заеднички ја организираа Општина Делчево, НУЦК „Н.Ј. Вапцаров“, ЈЛБ „Илинден“ и други институции, а истата официјално ќе биде отворена, по завршувањето на Новогодишниот концерт кој вечерва ќе се одржи во салата на Спомен дом АСНОМ. вс/ки/

Back to top button
Close
Close