0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Лидс нуди пет милиони евра за најмладиот голгетер во италијанската репрезентација

Лидс е во преговори за ангажирање на напаѓачот на Цирих, Вилфрид Гнонто.

Рим, 18 август 2022 (МИА) – Лидс е во преговори за ангажирање на напаѓачот на Цирих, Вилфрид Гнонто.

Според новинарот Николо Шира, англискиот клуб понуди пет милиони евра за 18-годишниот Италијанец и ги договори условите на личниот договор со играчот.

„Transfermarkt.com“ го процени Гнонто на 10 милиони евра.

Во јуни, Гнонто дебитираше за италијанската репрезентација. Тој на 14 јуни постигна гол во натпреварот од Лигата на нации со Германија (2:5) и стана најмладиот голгетер во историјата на националниот тим. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close