0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Ливерпул бара одложување на полуфиналето на Лига купот против Арсенал поради коронавирус

Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Лондон, 4 јануари 2022 (МИА) – Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Се посочува дека клубот смета дека е неопходно да се одложи натпреварот поради неколку случаи на инфекција и повреди.

Исто така и денешниот тренинг на „црвените“ од Енфилд е откажан.

Натпреварот Арсенал – Ливерпул треба да се одигра на 6 јануари со почеток во 22:45 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close